ВИДЕО I Партизан загуби од Студентски центар во АБА лигата

Денеска се случи едно од најголемите изненадувања во историјата на АБА лигата откако Студентски центар Дерби на гостински терен минимално со 83:84 славеше над фаворитот Партизан во Белград во првиот натпревар од четвртфиналниот плеј-оф.

Најдобар во редовите на црногорската екипа доминираше Андрија Славковиќ со 22 поени, следен од Флечер Меги со 16. А кај српскиот гигант како прв стрелец се истакна Зек Ледеј кој запиша 20 поени.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по три минути имаа водство од пет коша разлика. Партизан се мачеше во нападот, а ривалот успеа да го одржи водството до крајот на четвртината.

Во втората четвртина гостите заиграа уште поагресивно и успеаја да ја зголемат предноста на 13 поени. „Црно-белите“ се вратија во игра преку Пантер и Ледеј. На паузата меѓу двете полувремиња Студентски центар замина со само еден поен предност.

Третата четвртина донесе нешто побрза игра, се играше кош по кош, а Партизан никако не наоѓаше начин да дојде до водство. Последниот период домашните го отворија со поените на Трифуновиќ со што обезбеди пресврт на неговиот тим. До крајот гостите успеаја да го свртат резултатот во своја полза и да поведат со еден поен на минута до крајот.

Вториот натпревар од четврт-финалето е закажан за в четврток во Подгорица од 19.00 часот.