ВИДЕО I Полицаец го удри со пендрек репрезентативецот Талески! Зошто?

Полицаец го удри по глава ракометниот репрезентативец Филип Талески и тоа во салата каде се одигра дербито меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер. По тензичниот тек на мечот, се случи инцидент и турканица меѓу играчите, а еден од полициските службеници со пендрек го удри по главата македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Видеото го сподели и Дејан Манасков на својата официјална страница на која напиша: „Зошто????“.

Трофејот во македонскиот ракометен куп остана во сопственост на Вардар 1961, откако „црвено – црните“  во драматична завршница го совладаа во финалето во Охрид големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25.

Со триумфот Вардар дојде до својата 16. куп титула во клупската историја и му се реваншираше на Еурофарм Пелистер за минатонеделниот гостински пораз во рамки на Суперлигата со кој најверојатно му ја предаде шампионската титула на тимот од Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.