ВИДЕО I Полицаец уби израелски туристи во Египет пукајќи кон автобус, најмалку двајца мртви

Најмалку двајца Израелци и еден Египќанец се убиени денеска во градот Александрија кога египетски полицаец отворил оган во автобус со израелски туристи, соопшти египетското МВР.

Телевизискиот канал „Екстра њуз“, повикувајќи се на неименуван службеник на египетската служба за безбедност, објави дека во нападот е рането уште едно лице.

Според информациите, напаѓачот е приведен. Израелската спасувачка служба Зак соопшти дека во Александрија загинале две лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.