Невремето што ја зафати Италија во последните неколку дена парализира одредени градови, а првиот смртен случај е забележан во регионот Емилија Ромања во Болоња. Силното невреме предизвика штети во различни делови на Италија, а особено беше погодена Болоња. Повеќе од 80 милиметри дожд падна за околу четири часа во саботата навечер, поплавувајќи ја Болоња и околината.
„Не можеме да пристапиме на различни делови од градот. Телефонските врски се прекинати, бараме помош“, рече Лука Векијетини, градоначалник на Пјанор.
Се наведува дека ситуацијата е се уште критична Во општината е наредена евакуација во подрачјата кои беа сериозно погодени од поплавите, а во саботата беше на сила црвен аларм. Денес ситуацијата е малку подобра. Матео Лепоре, градоначалникот на Болоња, ги замоли жителите да останат дома или да се засолнат на повисоките катови во критичните области.