ВИДЕО I Португалија е третиот осминафиналист во Катар по победата над Уругвај

После Франција и Бразил Португалија е третиот осминафиналист на Светското првенство во Катар.

Вечерва Португалците славеа во дербито против Уругвај со 2:0. Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, па мрежите мируваа. Португалците до победата стигнаа во второто полувреме кога беа постигнати двата гола.

Двата гола беа дело на Бруно Фернандеш. При првиот гол Фернандеш нафрлуваше за Роналдо во 54. минута, но Роналдо иако скокна не играше со топката, па голот беше запишан на Фернандеш. Се обидуваа Уругвајците, влезе и Суарез во нападот, меѓутоа реализацијата изостана. Точка на натпреварот беше ставена во судиското продолжение кога Бруно Фернандеш го реализираше досудениот пенал.

Во оваа група Португалија е сигурна пред третото коло со шест бода, а за втората позиција ќе се борат Гана која има три бода и Јужна Кореја и Уругвај со по еден бод.