ВИДЕО I Пожар во средното училиште за физичка култура – училиштето се евакуира

Две противпожарни возила во овие моменти се на терен во средното спортско училиште „Методи Митевски -Брицо“, објави Курир.мк, според нивните информации има пожар.

Според нашите информации на терен, училиштето е евакуирано, а на терен присутна е и полицијата.

Во овие моменти во околината на училиштето многу мириса на чад, потврди нашиот сведок од терен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.