ВИДЕО I Професорот му одзел мобилниот на ученик во Смедерево, па се степале

Ученик од втора година во техничкото и земјоделско средно училиште „Деспот Ѓураѓ“ во Смедерево во Србија се степал со својот професор по математика. Ученикот бил бесен затоа што наставникот му го зел мобилниот телефон. Не чекал ни секунда и се вратил за да проба да си го земе телефонот повлекувајќи го професорот за раката, јавува српска Нова.

Професорот на снимката се врти и го притиска ученикот за едната рака, додека во другата уште го држи неговиот телефон.

Во целата тепачка, ученикот успева да остане на нозе, а тие продолжуваат да се туркаат. Во еден момент, професорот ги зема паднатите хартии и превртеното столче, а ученикот го турка кон таблата.

На крајот на снимката наставникот се повлекува и излегува од училницата, но и ученикот излегува по него.