ВИДЕО I Роналдо полуде – oд трибините ечеше „Меси, Меси“…

Кристијано Роналдо е миленик на навивачите на Ал Наср, но затоа ривалите експресно најдоа начин како да го нервираат португалскиот ас. Доказ за тоа беше и последното дерб со Ал Итихад што Кристијано го загуби со 1-0, а фановите на противничката екипа за време, но и по натпреварот цело време извикуваа „Меси, Меси“…

Роналдо одигра далеку под своите можности, а кога провокациите продолжија и по последниот судиски свиреж, тој беше очигледно бесен на се што се случуваше. Соиграчите се обидуваа да го смират, но големиот ас видно изнервиран се упати кон соблекувалната, бесот покажувајќи го врз шишињата со вода кои се наоѓаа крај теренот.

Погледнете како изгледаше целата ситуација…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.