ВИДЕО I Се степаа кошаркарите на Партизан и Реал! Средбата прекината, втора победа на белграѓани

Во самата завршница на мечот меѓу Реал Мадрид и Партизан попуштија нервите меѓу кошаркарите, откако Серхио Љуљ го удри Кевин Пантер, по што реагираа и останатите кошаркари.

Веднаш скокнаа и резервните кошаркари, но и тренерите кои се вмешаа во инцидентот.

При една обична акција, Серхио Љуљ неспортски го фаулира Кевин Пантер и предизвика хаос. Американецот му замавна на Шпанецот, по што сите кошаркари се затрчаа кон нив. Пантер, Хезоња, Муса и многу други ја искористија мешаницата и удираа боксови. Сепак, најлуд беше потегот на Јабуселе кој го фати Данте Егзум и го фрли преку себе. Судиите не можеа конкретно да одредат кому треба да покажат казни, па покажаа дека натпреварот е завршен. Оваа средба може да има „трето полувреме“ и можни се казни за екипите, меѓутоа српскиот тим го впиша посакуваното славје.

Утре се очекуваат казни, пред се за Љуљ и Абуселе кој изведе џудо зафат против Екзум и го повреди.

Партизан по двете победи во Мадрид, уште не првиот натпревар во Белград на втори мај има „меч топка“ за пласман во полуфиналето, па јасно е дека „Штарк Арена“ ќе гори.

Судиите донесоа одлука да ја прекинат средбата на една минута до крајот при резултат 95-80 за Партизан.