ВИДЕО I Се тресеше и Нов Зеланд

Посилен земјотрес со јачина од 6,3 степени според рихтеровата скала е регистриран на територијата на Нов Зеланд утрово во 7 часот и 58 минути.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил 80 километри од Велингтон а на длабочина од 48 километри.

Сведоците на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел 20 до 30 секунди, дека ѕидовите и креветите се треселе, а предметите паѓале од полиците и сликите од ѕидовите.

Засега нема извештаи за значителни штети на згради или евентуални жртви, но сепак целиот свет остана фрапиран од видеата на кои се гледа како се тресат зградите и домовите, но не се и рушат како кули од карти како во Турција.

Претходно циклонот „Габриел“ ја погоди земјата по што властите почнаа да ги проценуваат штетите предизвикани од поројните поплави, одроните од земјиште и силните ветрови во кои загинаа три лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.