ВИДЕО I Се урна четирикатница во Доха, едно лице загина, властите без објаснување

Едно лице загина при уривање на четирикатница во Доха, главниот град на Катар, соопштија денеска властите.

Според катарското Министерство за внатрешни работи, спасувачите пронашле седуммина преживеани, а лицето кое загинало било во зградата во моментот на уривањето.

Надлежните се уште не дале објаснување за уривањето на зградата.