ВИДЕО I Србија упати протестна нота до Хрватска поради палењето на куклата со ликот на Вучиќ

Официјална Србија збесна бидејќи на карневалот во Каштела беше изгорена кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со куклата на рускиот претседател Владимир Путин.

Откако српските таблоиди го објавија палењето на куклата со ликот на Вучиќ, шефот на српската дипломатија денеска го осуди чинот и испрати протестна нота до хрватската амбасада во Белград, соопшти неговиот кабинет.

„Најостро го осудувам инцидентот што се случи на 13 февруари 2024 година, за време на традиционалната карневалска поворка, во селото Каштел Стари во Република Хрватска“, рече Дачиќ.

Според неговата оценка, палењето кукла со ликот на Вучиќ е апсолутно неприфатлив чин, што е во целосна спротивност со заеднички искажаната заложба за целосна нормализација на односите и подобрување на сеопфатната соработка меѓу двете држави.

@dalmatinskiportal Kaštelani spalili – Putina i Vučića! #krnje #maskare #krnjeval #maske #putin #vucic #dalmatinskiportal ♬ original sound – Dalmatinski portal

„Овој скандалозен чин на ширење омраза испраќа порака која на ниту еден начин не придонесува за зајакнување на добрососедските односи, мирот и стабилноста во регионот и директно и сериозно ги нарушува односите меѓу двете земји.

Самиот Вучиќ денеска проговори за запалување на куклата со неговиот лик.

„Го видов, ми го испратија пред да пристигнам во Ниш. Некој ќе рече дека е тажно што палите човечки кукли. Ќе бев љубоморен и завидлив да беше некој друг од Србија. Кога ни ги запалија куќите и црквите, што е кукла.Изгледа горењето е традиционално меѓу нив.Сигурен сум дека татко ми е горд што синот им е најголемиот проблем,а му ги убија татко му и дедо му.Да го направевме ние тоа цела Европа ќе ни беше на грбот“, рече Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.