ВИДЕО I „Супермагла“ предизвика верижен судир во САД, оштетени 158 возила, има и жртви

Најмалку седум лица загинаа вчера на меѓудржавен пат во Луизијана во серија сообраќајни несреќи во услови на густа магла. Како што пренесуваат локалните медиуми, во сообраќајките учествувале најмалку 158 возила.

Властите објаснија како некои возила се запалиле по првиот судир, а едно од нив е цистерна што превезувала „опасна течност“, соопшти полицијата без да ја прецизира супстанцијата.

Се стравува дедка бројот на загинати би можело да се зголемува.

Метеоролозите соопштија дека „супер маглата“ утрово сериозно ја нарушила видливоста меѓу регионите Рудок и Манчак во моментот на сударот, јави Си-Ен-Ен.

„Неверојатно густата магла“ е предизвикана од комбинација на магла и чад од пожарите во близина, според Националната метеоролошка служба (NWS).

„Супер маглата“ е особено густа магла која се развива во влажни, зачадени услови и може да предизвика пад на видливоста на помалку од три метри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.