Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери беше исвиркан заедно со владината делегација, при пристигнување на Мечкин Камен. Додека тие се движеа кон местото каде треба да се сместат, од зад барикадите каде стојат посетителите, извикуваа „Уа, уа“ и исвиркуваа.
Меѓу присутните од делегацијата на Владата се Љупчо Николовски и Јетон Шаќири.
Додека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и делегацијата беа пречекани со аплаузи, а со скандирање „Македонија, Македонија“ беа поздравени коњаниците кои пристигнаа во Крушево, оддавајќи почит и продолжувајќи ја традицијата. Потоа беа пеени патриотски песни. Се скандира и „Никогаш северна, само Македонија“.