24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ВИДЕО) Ибрахимовиќ запрел моторџија на пат кон Сан Ремо, заглавил во метеж!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ задоцни дури три часа на музичкиот фестивал Сан Ремо затоа што на автопатот имало сообраќајна несреќа и тој заглавил во метежот.

Сепак, Ибрахимовиќ успеал да најде начин како да стигне на фестивалот, откако запрел моторџија и со него се возел околу 60 километри.

„Ако фестивалот не дојде кај Златан, тогаш Златан ќе дојде на фестивалот“, кажа Ибрахимовиќ во свој стил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.