ВИДЕО: Игор Дурловски, Игор Дурловски – скандираше публиката пред почетокот на „Набуко“ во МОБ

Игор Дурловски, Игор Дурловски, скандираше вечерва публиката во Македонската опера и балет. Непосредно пред почетокот на операта „Набуко“ која вечерва е на репертоарот на МОБ, дел од публиката присутна во салата го искажа својот револт од приведувањето и притворот на еден од најдобрите, ако не и најдобар македонски оперски пејач Игор Дурловски. По извикувањето на името на оперскиот пејач, присутните не го попречија почетокот на операта, пишува Република.

Публиката негодува што македонскиот талент се наоѓа во притворот Скопје или познат како Шутка. Дурловски е еден од 36-те приведени од страна на МВР, осомничени за тероризам. Дурловски се наоѓа во притвор од 29 ноември годинава, а заедно со него се актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, твитерџијата Богдан Илиевски, шестмина пратеници, од кои тројца во домашен притвор…

Нив им се суди за случувањата во Собранието на 27 април годинава, кога незадоволните граѓани влегоа во собранието откако Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието по нестандардна процедура и за многумина спротивно на законите и уставот на РМ.