ВИДЕО Играта фрлање низ прозор во македонските училишта

Игра во која тинејџери фрлаат соученик од прозор, според која наводно настрада и девојчето од основното училиште во Аеродром  „Ѓорѓија Пулевски“ е популарна во многу училишта во земјава. Учениците од забава ги снимаат своите „жртви“, а потоа видеата кружат на нивните интерни социјални мрежи.

Според коментарите на социјалните мрежи, оваа игра и многу други опасни игри се многу популарни меѓу учениците. Родителите исплашени за своите деца, на социјалните мрежи, прашуваат каде се наставниците во овој случај и доколку досега го забележале ова однесување зошто не е санкционирано.

Видеото на Фејсбук го објави Види Вака.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.