(ВИДЕО) Илјадници на антиамериканските протести во Атина

Околу 20 илјади луѓе учествуваа во антиамерканските протести во неделата во грчката престолнина Атина на комеморацијата од студентскиот бунт против воената хунта и поддршката од Вашингтон во 1973 година, следени од бројни полициски сили, пренесуваат грчките медиуми.

Протестниот марш се одржува по повод 46-годишнината од студентскиот бунт на Политиехничкиот универзитет против хунтата на „црните полковници“, а мнозинството Грци ги обвинуваа САД дека ја поддржувале воената хунта во периодот од 1967 до 1974 година. Поради тоа, главно студентите на овој ден традиционално го одбележуваат денот на бунтот и редовно протестниот марш се одвива до зградата на амбасадата на САД, на чие чело е краво грчко национално знаме, а масовниот собир е во вечерните часови.

Во Атина се мобилизирани околу 5.000 полицајци, дронови, еден хеликоптер и водени топови, бидејќи одбележувањето на годишнита често е проследена со безредија. Неколку лица биле приведени откако биле пронајдени „Молотови коктели“ и камења под покривот на една зграда во Атина, соопшти полицијата,

„Според процените на полицијата, околу осум илајди демонстранти учествувале во колоната на комунистичкиот синдикат ПАМЕ, околу илјада демонстранти во маршот на (донеодамнешната владејачка лева колаиција) СИРИЗА, и 11.000 луѓе во друите протестни маршеви“, пренесува во неделата вечерта порталот Proto Thema и додава дека демонстрантите скандирале антиамерикански пароли. Според локалните медиуми, уште најмалку 6.000 луѓе учествувале на протестите во Солун.

„Американците ги убија Ламбракис и Белојанис, тие се убијци на народите“, било извикувано на маршот во организаицја на СИРИЗА, чијашто политика инаку по долги години доведе од воспоставување нови американски бази во Грција.

Грчкиот општественик и политички активист Грегорис Ламбракис е убиен во 1963 година од припадници на крајната десница поврзани со тогашната власт. Членот на Центарланиот комитет на Комунистичката партија на Грција, Никос Белојанис, пак, под обвинение за предавство и шпионажа во полза на тогашниот СССР, е осуден на смрт и егзекутиран во 1952 година.

Последните години учесниците на манифестацијата, повеќе до десет илјади минатата 2018 година, на пример, протстираа против „американскиот империјализам“ и жестоките мерки за штедење кои меѓународните доверители ѝ ги наметнаа на Атина во напорите грчката држава да биде спасена од банкрот.

Челникот на СИРИЗА, поранешниот премиер Алексис Ципрас, ја предводел протестната поворка, но сепак не се појавил пред амбасадата на САД, напуштајќи ги протестите на половина пат, во близина на амбасадата на Велика Британија.

Поради тоа, владејачката Нова демократија излезе со саркастичен коментар. „Маршот се движеше кон американската амбасада. Ципрас запре некаде во близина на (амбсададата) на Велика Британија. Можеби отиде на попладневната чајанка. Дојде, виде, си замина. Турист и на демонстрациите. Сегашната СИРИЗА во една слика“, изјави портпаролот на конзервативците.

Годинава оваа секогаш исчекувана манифестација е првата откако во јули беше избрана новата конзервативна влада на Киријакос Мицотакис, и откако во август беше укинат законот кој забрануваше секаква полициска интервенција во кругот на универзитетските кампуси. Помалку од еден месец откако стапи на власт, Мицотакис го исполни ветувањето од предизборната кампања и го укина законот за ткн „универзитетски азил“, што веќе претхдоно поттикна неколку масовни протести. Мицотакис смета дека универзитетите станале „упоришта на трговијата со дроги и на анархистичките групи“.

Универзитетите во Грција уживаат широка автономија и право на азил, влезот на полицијата на нивните територии беше забранет, која често обвинувапе дека го користат анархистите и други нарушители, криејќи се во кампусите.

Традиционалната поворка кон амбасадата на САД, одбележувајќи ја годишнината од студентскиот бунт против воената хунта од 1973 година крваво задушена една година пред падот на хунтата поддржувана од американската Централна разузнавачка агенција (CIA) се одржува вечерта на 17-ти ноември. Поворката по диктатурата на ткн „црни полковници“, од периодот 1967 до 1974 година се организира секоја година и во неа понекогаш учествуваат и повеќе десетици илјади луѓе, а со неа се осудува поддршката на САД на државниот удар од 1967 година.

Во текот на претпоследната посета на американски претседател на Атина, во1999 година, Бил Клинтон се извини поради мешањето коешто до децении го поттикнува антиамериканското расположение во Грција.

На 17-ти ноември 1973 година воената хунта испрати тенкови на Политехничкиот универзитет во Атина кој беше заземен од студентите и граѓани, протестирајќи против диктатурата. Најмалку 24 луѓе загинале, а повеќе десетици биле ранети