24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ВИДЕО) Илјадници протестираа против мерките во Берлин

Десетици илјади демонстранти во Берлин се очекува да протестираат денеска против рестриктивните мерки наметнати поради пандемијата на коронавриус, а протестот започна предмалку.

Германскиот покраински суд дозволи денешните масовни протести да се одржат, иако градот Берлин неодамна ги забрани како дел од епидемиолошките мерки.

Полициските вооружени сили со камиони вчера однеле стотици демонстранти, а полицијата со опрема за немири упаднала во митинг. Револтирани од забраната, за која градските власти тврдат дека е воведена затоа што демонстрантите не носеле маски и не се држеле на дистанца на претходните настани, активистите испратија илјадници апликации до градските власти за да протестираат овој викенд.

Протестите се одржуваат во германската престолнина и се очекува да присуствуваат 22.500 луѓе, пишува ДВ.

Судот објасни дека немало индиции во пријавата на организаторите дека учесниците „намерно ќе ги игнорираат“ мерките за социјално дистанцирање. Тој предупреди дека организаторите на протестите треба да обезбедат заштита на сцената каде што ќе се држат говори и дека тие мора постојано да ги потсетуваат учесниците да се придржуваат до правилата за социјална дистанца.

Судиите не објавија дека демонстрантите мора да носат заштитни маски.

Берлинската полиција соопшти дека се подготвувале за можни судири за време на протестите, бидејќи некои противници на рестриктивните мерки преку социјалните медиуми се залагале за насилство за време на собирот.

„Овој отворен повик за насилство против властите е сосема нова димензија за нас“, рече заменик-претседателот на полициската берлинска организација Марко Лангнер на прес-конференција.

За време на протестот, на улиците треба да има околу 3.000 полицајци, а можна е употреба на водени топови, соопшти полицијата.

Мајкл Балвег од иницијативата Кверденкен, еден од организаторите, повика на мирни протести и рече дека „оние што повикуваат на насилство не се со нив“.

Министерот за внатрешни работи за Берлин, Андреас Гајзел изрази загриженост дека протестите ќе ги прекршат регулативите и дека ќе се вмешаат екстремно десни екстремисти и теоретичари на заговор.

Командантот на полицијата во Берлин, Барбара Слоук, вчера на прес-конференција рече дека ако се одржат демонстрациите, полицијата ќе ги „заврши“ „многу брзо“ доколку не се следат мерките.Слоукик проценила дека можат да учествуваат до 30 000 луѓе, но признала дека е тешко да се направат проценки.Бидејќи градските власти ги забранија протестите во средата, некои повикаа на насилство преку интернет, потсетува агенцијата ДПА.

Германија е поуспешна од многу европски земји во контролата на коронавирусот и има ниска стапка на смртност.Бројот на заразени се зголемува во последните неколку недели, како и во повеќето земји.

Вчера канцеларката Ангела Меркел апелираше до граѓаните да не се опуштат во борбата против коронавирусот.

“Ова е сериозна работа, како и секогаш. Треба сè уште да ја сфаќате сериозно”, рече Меркел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.