(ВИДЕО) Илустрација на обемот на топењето на ледниците на Антарктикот

Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави видео во кое се илустрираат обемите на климатската катастрофа поврзана со топењето на ледниците на Антарктикот.

За изготвување на видеото биле користени податоците добиени од сателитот ICESat-2 во текот на последните 16 години. Овој уред користи ласерски висиномер, кој испраќа импулс на Земјата со фреквенција од десет килохерци.

Во периодот од 2003 до 2019 година сателитот регистрирал значително топење на мразот во западниот дел на Антарктикот. Овој процес довел до пораст на нивото на морето за 14 милиметри, што претставува речиси една третина од вкупното ниво на порастот водата во океаните. Во источниот дел од континентот, пак, бројот на глечерите се зголемил.

Поради глобалното затоплување на Антарктикот годишно се топат околу 120 гогатони мраз, а на Гренлад околу 200 гигатони