(ВИДЕО) Индонежанки се степаа на свадбена гозба

Тепачката околу манирите и храна меѓу две жени на свадаба во Индонезија се појави на социјалните мрежи, пренесуваат тамошните медиуми.

На записот се гледа како гостите пријдуваат до поставената „шведска маса“. Една жена си става ранданг, национално јадење од говедско со остро зачинет сос на основа на кокосово млеко, но госпоѓата која стои до неа ѝ забележала дека ставила премногу во својата чинија.

„Ти немаш никакво срам и манири! Дали сакаш да го нараниш целото село?!“, се обратила една од жените.

Другата гостинка одговорила дека може да прави што сака, а исто така ја обвинила дека нејзината соговорничка дошла до „шведската маса“ без да чека во редот.

Потоа жената во црвено се обидела да ѝ ја одземе чинијата со храна на жената во зелена, по што почнале да се кошкаат меѓусебни а потоа да се удираат со рацете. Изненадените гости на свадбата притоа се обиделе да ги раздвојат разјарените жени.