(ВИДЕО) Интер e во игра за осминафинале, Ливерпул ја чекираше „визата“

Интер славеше со 3-2 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и остана во трка за пласман во следната рунда во Лигата на шампиони. На „нераѕурите“ во последното коло им треба победа против Шахтјор Доњецк за да поминат понатаму, но важен е и дуелот помеѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах.

Таму на Интер нема да му одговара само реми на Реал и Борусија. Победа на Шпанците или Германците ги води понатаму,  нормално под услов да го победат Шахтјор.

Матео Дармијан го отвори резултатот во 17-тата минута од натпреварот и му донесе водство на Интер од 0-1. На паузата се замина со резултат 1-1, бидејќи Алесан Плеа реализираше во судиското продолжение на првиот дел. Потоа на сцена стапи Ромелу Лукаку, кој два пати го матираше Јан Зомер за водство од 1-3. Менхенгладбах не се предаде па Алесан Плеа намали на 2-3, по еден кикс на Алексис Санчез на средината од теренот. Германците дури и го израмнија резултатот, но Алесан Плеа немаше среќа да постигне хет-трик, бидејќи неговиот гол беше поништен од ВАР поради офсајд.

Атлетико Мадрид не успеа да го победи Баерн Минхен и да обезбеди нокаут фаза и одигра само 1-1. Актуелниот европски шампион настапи без голем дел од првотимците, успеа да остане непоразен, но ја прекина низата од 15 победи по ред во елитата. Мадриѓани во последното коло ќе бркаат осминафинале.

Ливерпул со минимални 1-0 славеше против Ајакс и си обезбеди осминафинале. „Црвените“ славеа со голот на Куртис Џоунс во 58-та минута по катастрофалната реакција на голманот на Холанѓаните, Андре Онана.

Група А
Атлетико М. – Баерн М. 1-1
Локомотив М. – Салцбург 1-3

ТАБЕЛА: Баерн 13, Атлетико 6, Салцбург 4, Локомотив 3

СЛЕДНО КОЛО: Баерн – Локомотив, Салцбург – Локомотив

Група Б
Шахтјор Д. – Реал Мадрид 2-0
Борусија М. – Интер 2-3

ТАБЕЛА: Менхенгладбах 8, Шахтјор 7, Реал Мадрид 7, Интер 5

СЛЕДНО КОЛО: Реал Мадрид – Менхенгладбах, Интер – Шахтјор

Група Ц
Порто – Манчестер с. 0-0
Марсеј – Олимпијакос 2-1

ТАБЕЛА: Манчестер Сити 13, Порто 10, Олимпијакос 3, Марсеј 3

СЛЕДНО КОЛО: Манчестер сити – Марсеј, Олимпијакос – Порто

Група Д
Ливерпул – Ајакс 1-0
Аталанта – Митјиланд 1-1

ТАБЕЛА: Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Митјиланд 1

СЛЕДНО КОЛО: Митјиланд – Ливерпул, Ајакс – Аталанта