(ВИДЕО) Интер го најави Џеко како лебедот од Сараево

Италијанскиот фудбалски првак, Интер го потврди ангажманот на Един Џеко а направи и интересно видео во кое се прикажани неговите почетоци и развојот на кариерата.

„Ова е одлична можност за мене, благодарен сум на управата и на тренерот, имаат голема доверба во мене и веруваат дека се уште можам да правам разлика на теренот. Прекрасно е да се биде тука.“ – е првата изјава на Џеко како ново засилување на Интер.