(ВИДЕО) Иран ракетирал американска база во Ирак

1073

Девет проектили се истрелани ноќта кон средата кон воздухопловната база Аин ал-Асад во западен Ирак, каде што се распоредени американски трупи, а одговорноста за тоа ја презема Курпусот на гардата на исламската револуција (IRGC), пренесуваат регионалните медиуми.

Веста за ракетирањето на ирачката база за панарапската телевизија Sky News Arabiya ја потврдиле извори во безбедносните сили на Ирак. Засега нема информации за евентуални жртви,.

Агенцијата Reuters кусо пренесува дека американските војски во Ирак засега немаат информации за евентуални жртви или настрадани во ракетирањето на базата Аин ал-Асад.

Според податоците на телевизискиот канал PRESS TV, иранската Револуционерна гарда потврдила дека ракетниот напад врз базата Аин ал-Асад, којашто ја користат американските трупи во соседен Ирак е изведен како одмазда за американското убиствот на генералот Касем Сулејмани. Според телевизијата, нападот бил извршен со десетина проектили.

„Десетици проектили земја-земја“ беа истрелани врз стратешката воздухопловна база, соопшти командата на иранските елитни единици, а нападот подоцна го потврди и американската страна. Од IRGC најавија дека наскоро ќе излезат со поединости за нападот.

Претходно ирачките медиуми објавија дека десетици американски борбени хелиокоптери летале ноќта над базата, како и дека се слушале сирени за тревога од воздушен напад.

Американскиот претседател Доналд Трамп бил инфромиран за одмазничките напади,

„Свесни сме за за извештаите за нападите врз американски објекти во Ирак. Претседателот беше брифиран и внимателно ја следи состојбата и се консултира со тимот за национална безбедност“, изјави портпаролката на Белата куќа, Стегани Гришам.

Нападот, сепак, не е изненадување, бидејќи Иран вети „жестока одмазда“ за убиството на генералот Сулеjмани,

Претходно во вторникот ирачки безбедносни лица за телевизијата Al-Sumaria потврдиле дека токму во базата Аин ал-Асад во западната ирачка покраина Анбар близу границата Сирија, САД имаат намера да изградат аеродром за своите стратешки бомбардери од типот „B-52 Stratofortress“, кои можат да понесат големо количество вооружување, вклучително крстoсувачки ракети, конвенционални тешки бомби и ласерски наведувани бомби и нуклеарни гравитациски бомби.

Во прилогот на телевизијата беше наведено и дека Американците имаат намера да изградат „гигантски објект кој ќе ги исполнува светските стандарди“. Во областа ал-Багдадио во близина на градот Хит во Анбар, веќе бил поставен периметар за почеток на работите и биле преземени строги мерки на претпазливост за градежните зафати кои, како што се тврди, треба да започнат во многу блиска иднина. Поточно, американските сили веќе ја прошириле инфраструктурата на аеродромот за да изградат писта која е неопходна за тешките бомбардери „Б-52“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.