ВИДЕО: Исчезна авион со 239 патници, најверојатно паднал во море

Авион на „Малезија ерлајнс“ со 239 патници и членови на екипажот исчезнал утрово од радарите, спасувачки екипи трагаат по леталото за кое се стравува дека се урнало во море.

Виетнамската морнарица објавила дека „боингот 777“ се урнал во Јужното кинеско море, кај брегот на островот То Чу, но од Малезација велат дека се уште не се знае што се случило со авионот.

„Во овој момент нема бродови на виетнамската морнарица поради што мораме да бараме бродови од островото Оу Квок за спасувачка операција“, изјавил адмирал во виетнамската морнарица, Нго Ван.

Малезискиот министер за сообраќај изјавил дека „нема ни трага од урнатините на авионот“, а ни компанијата „Малезија ерлајнс“ не потврдува дека авионот се урнал.

Компанијата претходно соопшти дека прва претпоставка е дека авионот можеби слетал во Нанмингу, во источна Кина.

Авионот што летал од Куала Лумпур кон Пекинг, последен контакт со контролорите на летот имал на 120 наутички милји источно од брегот на малезискиот град Кота Бару, навел во соопштението генералниот директор на „Малезија ерлајнс“, Ахмед Јаухари Јахја.

Тој истакнал дека Малезија и Виетнам спроведуваат заедничка потрага и спасувачка акција, но не сакал да изнесува други детали за тоа. И Кина испратила два спасувачки бродови во Јужното кинеско море да помогне во спасувачката операција.

„Многу сме загрижени. Вестите се многу вознемирувачки. Се надеваме дека сите во авионот се безбедни“, изјавил кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, пренесува Ројтерес.

Авионот полетал од Куала Лумпур ноќеска во 12,21 по локално време и во Пекинг треба да слета во 6,30 часот.

avion malezija isceznat

„Малезија ерлајнс“ соопшти дека патниците во исчезнатиот авион се државјани на 14 земји и меѓу нив најмалку 152 се Кинези, 38 Малезијци, 12 Индонезијци, шестмина Австралијци и тројца Американци, додавајќи дека во авионот имало и две бебиња – едно од Кина и едно од Америка.

Ако се потврди дека авионот се урнал, тоа ќе биде втора тешка несреќќа во која учествувал „боинг 777“ за помалку од една година и сигурно најголема од кога тој авион влезе во употреба во 1995 година.

Авион на „Азијана ерлајнс“ се урна во јули лани во Сан Франциско и во таа прилика загинаа тројца патници, а повеќе од 180 беа повредени.

Компанијата „Боинг“ објави дека е информирана за исчезнувањето на авионот и дека ја следи ситуацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.