ВИДЕО: Исполнето уште едно ветување – започна обновата на патот за Вашарејци

Патот за село Вашарејци започна да се асфалтира неполна недела откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со дел од министрите го посети крушевското село Бучин, каде граѓаните го истакнаа проблеот со патот.

По неполни седум дена машините излегоа на терен и веќе се асфалтира и прошируваат на тесните грла на патот Бучин- Вашарејци- Ивановци- Трновци.

Граѓаните псочуваат, Груевски си остана на зборот, го одржа ветувањето.

-По доаѓањето на претседателот на ВМРО ДПМНЕ патот почна да се гради, брзо почна градбата.Овој пат беше доста оштетен, голем број на жителите го користиме, истакнува жител на Вашарејци.

Задоволни од брзата реакција жителите посочуваат дека претходниот пат им бил значајна пречка.

-Одалечени сме по 30 километри од Битола и исто толку од Прилеп дупки колку сакаш, непрооден беше, сега е друго, сега патот е поширок, може две коли слободно да се разминат, патот ни е важен бидејќи поврзува 4 општини Битола Демир Хисар, Крушево Прилеп, посочува жител на Крушевското село Бучин.

Задоволни се и жителите на Ивановци. Тие додаваат, не е само патот, сега како што се гради никогаш порано не било така. И субвенции се добива за тутун, кромидот, пиперките. Порано тоа го немаше, истакнува постар жител на селото кој долги години се занимава со земјоделие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.