(ВИДЕО) Истрагата за смртта на Словакот во притвор не ги товари белгиските полицајци

Истрагата за сомнителната смртт на Словак во 2018 година на аеродромот во белгиско Шарлроа по „груба полициска интервенција“ засега „во оваа фаза“ не овозможува подигнување обвинение против полициските службеници, изјави главниот државен обвинител во Монс.

„Спротивно на она што можеше да се слушне, во оваа фаза од истрагата не е докажано дека постапките на полицајците директно ја предизвикале смртта на жртвата. Ова е важен дел од истрага и во оваа фаза ништо не упатува дека притискањето на полицајците на градниот кош бил во поврзанот со смртта на жртвата“, изјави во соопштение за јавноста обвинителот на белгиски Монс, Ингасио дела Серна.

На 23-ти февруари 2018 година вечерта на аеродромот во Шарлроа, 38-годишниот Словак Јозеф Хованец, бил симнат од авионот со кој летал за Братислава поради агресивно однесување. При приведувањето се отргнувал, поради што дошло до мешаница во која биле повредени двајца полицајци, според белгиската истрага.

Кога бил одведен во притворска ќелија наводно и натаму бил насилен, удирајќи со главата во вратата „повеќе десетици пати“, изјавува обвинителот де ла Серна, додавајќи дека поради тоа лицето му било целото крваво. Откако персоналот на итната медицинска помош „му дал седатив“ околу 5 часот утрото, дожевеал срцев застој, додава обвинителот. Починал во болница на 27-ми февруари 2018 година.

Инцидентот повторно излезе на виделина кон крајот на август годинава, кога вдовицата на жртвата, странка во судскиот процес, на белгиските медиуми им достави снимка од видео-надзорот на аеродромот.

На таа снимка која стана достапна за јавноста, може да се види како неколку полицајци го замотуваа Ховенец во ќебе за полесно да го совладаат и како полицеаец седнува на него. Од снимките се чини дека некои полицајци притоа се забавуваат, а полицајка ја подигнува раката во нацистички поздрав.

Повторното отворање на случајот ја вознемири словачката јавност, каде што министерот за внатрешни работи Иван Корцок ги повика властите во Белгија да спроведат истрата „одговорно и решително“.

Во резолуцијата којашто ја донесе во средата парламентот на Словачка се повикува владата во Братислава да побара од Брисел објаснување за „неловечкото постапувње“ со словачкиот државјанин во земја членка на Европската унија.

Во Белгија два восоки полициски функционери пред две седмици привремено беа суспендирани од должноста во врска со овој случај. Аферата во непријатна позиција го донесе и поранешниот министер за внатрешни работи, фламанскиот националист Жан Жамбон, кого опозицијата го обвинува дека не реагирал кога во март 2018 година неговиот кабинет бил изветен за случајот. Го обвинуваат, во прв ред, дека не покренал дисциплинска постапка против полицакците.

https://www.youtube.com/watch?v=2IGQYd_6O54