ВИДЕО| Италија тагува по кафената планинска мечка Хуан Карито

L'orso confidente Juan Carrito

Италија тагува за смртта на ретката кафена планинска мечка во сообраќајна несреќа во вторник, којшто своевремено доспеа на насловните страници ширум светот кога упадна во пекарница и се нагости со бисквити.

Кафеавата мечка наречена Хуан Карито смртно настрадала кога во понеделникот вечерта на планински пат во близина на градот Кастел ди Сангро во централна Италија во неа удрил автомобил „опел корса“.

„Нема зборови да ја изразиме нашата тага за она што се случи“, објавиja на Instagram od Националниот парк Абруцо, Лацио и Молизе.

„Хуан Карито беше проблематична мечка, но во паркот правeвме сѐ… за да му дадеме шанса и да му овозможиме да остане слободен“, се додава.

Мечката тешка 150 килограми била фатена минатата година и однесена во пооддалечен регион откако упаднала во пекарниц, но четиригодишниот Хуан Карито сакал да се враќа на своите стари места во потрага по храна.

Пред несреќата тој бил виден во текот на викендот на скијачките терени во близината, објави италијанската телевизија RAI.

Се верува дека во Италија останале само околу 50 кафени мечки.

Името на мечката делумно доаѓа од селото Карито во Абруцо, каде локалните медиуми објавија дека првпат била забележана како поминува на патот. Карито е исто така шпански збор, па оттука и првото име Хуан.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.