(ВИДЕО) Италијански пратеник запроси пратеничка

Флавио ди Муро, пратеник на Северната лига во Италија, за време на говор на седница на Парламентот, извади прстен и ја запроси својата колешка од истата институција, Елиза де Лео.

– Елиза, ќе се омажиш ли за мене?, праша Ди Муро.

Девојката, инаку, е од истата партија.

Неговите колеги од партијата со симпатии го проследија тој потег и го поздравија со ракоплескање.

Претседавачот со седницата, сепак, имаше помалку разбирање за тоа и замоли да се запази редот во собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.