(ВИДЕО) Избегана лавица, ранет елен најдоа засолниште во Санкт Петербург

37

Лавица којашто побегнала од аеродром, крокодил најден на ѓубриште и ранет елен кој го нападнале кучиња скитници, сиве овие животни нашле засолниште во необичното приватно засолниште во Русија.

Десетици мечки, исто така, минале низ центарот Велес во предградие на Санкт Петербург од негвото отворање во 2009 година. Засолништето го отворил претприемачот во градежниот сектор Александар Фјодоров кој вели дека досега потрошил повеќе од милион долари на проектот.

„Нашата цел е да се излекуваат дивите животни и да бидат вратени во дивината, доколку тоа е возможно. Некои животни се најдени откако настрадале, други, пак, биле напуштени. Во некои случаи нивните приказни наликуваат на филмски заплети“, вели Фјодоров за центарот во Раполово, 20 километри од центарот на Санкт Петербург.

Една особено драматична приказна е врзана за лавицата Елза, којашти избегала од аеродромот Пулково во декември минатата 2017 година.

„Елза од Грозни му ја испратил чеченски бизнисмен на свој пријател во Санкт Петербург како новогодишен подарок. Меѓутоа, апчињата за заспивање кои ги добила пред летот престанале да дејствуваат. На аеродромот побегнала од кафезот“, вели Фјодоров. Лавицатра брзо била фатена и однесена кај новиот сопственик, но тој заклучил дека не може да се грижи за неа и ја донел во прифатилиштетот.

Во тоа време чувањето диви животни во домашни услови не било нелегално, но неодамна во Русија беше донесен закон со кој од следната година тоа ќе биде забрането.

Чувањето диви и егзотични животни како домашни миленици од поодамна е мода кај богатите Руси, но честопати тоа завршува несреќно за животните кои биваат малтретирани и бегаат.

Други животни доаѓаат во засолништето по инциденти во дивината. Пред две години, додека уште бил млад еленот наречен Алјуминка бил тешко повреден од кучиња скитници. Животните кои не може да преживеат во дивината остануваат во прифатилиштето, вели 45-годишниот Александар Тепјаков. Тој е еден од десетината волонтери кои заедно со четворицата вработени се грижат за животните во Раполово, каде што животните се чуваат во голем кафези или куќарки околу една голема камена зграда во која е сместена ветеринарна установа.

Во Русија има околу 50 милиони напуштени миленичиња, особено мачки и кучиња, кои живеат напуштени или во дивина и се размножуваат бидејќи нивните претходно сопственици не ги стерилизирале.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.