2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ВИДЕО) Изгоре камион полн со чоколадо во Хрватска

Вчеравечер се случила експлозија на камион на автопатот А3 во Хрваткска кај Славонски Брод. Камионот со приколка бил полн со чоколадо.

Камионот целосно изгоре, а утрово останале само траги од чоколадото што го превезувал.

„На 221-от километар од автопатот А3, на неговата јужна лента, најпрво се запали приколката, а потоа и камионот, што на крајот изгоре целосно. Извештајот го примивме во 00:20 часот, а сообраќајот беше забавен од овој настан од 00:40 до 1:20 часот. Интервенираше противпожарната бригада Славонски Брод “, изјави за СБплус Дамир Брежиќ, полициски службеник за односи со јавноста на полициската управа Брод – Посавина.

Граѓаните што живеат во близина слушнале две експлозии.Никој не е повреден.