(ВИДЕО) Извлечени над 100 тела откако потона траект во езерото Викторија

Повеќе од стп тела се излвчеи од јужниот дел на езерото Викторија во Танзанија, каде потона траект со неколку стотина лица, соопштија во петокот локалните власти, а се стравува дека конечниот број на жртви би можел да достигне над 200.

Според официјалните податоци, досега спасени се 37 лица. Спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица откако во езерото Викторија потона траект, соопшти локалната полиција. Операцијата за спасување започнала во четвртокот, кога била запрена во текот на ноќта, а денеск е продолжена повторно.

Џонатан Шана, регионалниот полициски командант, изјавил дека во денешната потрага се вклучени поголем број на спасувачи. Според првичните проценти, на бројот имало над 300 луѓе во моментот кога истиот потонал. Дел од странските медиуми јавија дека бројката иснесувала 400 лица.

Траектот превезувал и стоки. Потонал во близина на пристаниште. Причината за несреќата засега е нејасна, но најчесто ваквите несреќи се случуваат кога траектите се преоптоварени, а во бродовите нема појаси за спасување, па често има многу загинати. Така, на истото езеро Викторија во потонување на траект во 1996 година загинаа повеќе од 800 лица.