Видео: Јапонските навивачи по натпреварот со Грција го исчистија стадионот

По натпреварот меѓу Јапонија и Грција на Светското првенство во Бразил, навивачите на Јапонија го исчистија целиот отпад кој бил оставен на трибините на арената Дас Дунас.

Со овој потег навивачите го вчудоневидоа светот со нивното пристојно однесување. Бразилските навивачи не можеле да си поверуваат на сопствените очи кога виделе дека неколку минути пред крајот на натпреварот јапонците започнале со чистење на трибините.

Сините вреќи кои за време на натпреварот ги користеле како реквизите за навивање , потоа ги претвориле во вреќи во кои собирале пласични шишиња, хартии, картони и останати предмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.