ВИДЕО: Качен на покрив кумановец еден час се убедувал со полицијата да не го апси

Првоосомничениот од групата од 13 лица кои денеска беа уапсени во Куманово речиси еден час стоел на покрив од куќа и одбивал да се симне за полицијата да го уапси.

На крајот, сепак попуштил па полицајците му ставиле лисици на рака.

Инаку, групата е уапсена поради сомневање дека од 2004 година досега создала огромен имот бавејќи се со криминал. Групата се сомничи за лихварство, трговија со дрога и оружје, перење пари, изнуда и други кривични дела.

)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.