(ВИДЕО) Кадиров вели дека напаѓачите во Грозни добиле наредба од една западна земја

Милитнатите добиле наредба за нападот врз црквата Архангел Михаил во чеченската престолнина Грозни во саботата, од една од западните земји, изјави челникот на оваа руска кавкаска република Рамзан Кадиров.

Според последните информации двајца полицајци и еден парохјанин се убиени откако милитнати ја нападнале црквата во центарот на Грозни. Двајца полицајци се уште повредени во операцијата на специјалните сили, а според челникот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, кој лично присуствувал и раководел со операцијата сите четворица напаѓачи се елиминирани.

„Постојат оперативни сознанија дека милитнатите ја добиле наредбата за нападот од една од западните земји“, изјавил Кадиров за новинарите. Потврдил дека лични дошол на местото на настанот и го контролирал изведувањето на полициската операција, која траела „само неколку минути“.

Кадиров истакнал и дека е утврден идентитетот на еден од напаѓачите, кој бил жител на едно од предградијата на Грозни.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.