Видео: Како изгледа најскапиот ресторан во светот?

Шпанскиот кулинарски шеф, Пако Ронсеро, сака на своите гости да им овозможи живописно доживување на храната кое е постагнато со менување на просториите и на масите на кои се јаде. Тоа единствено искуство чини 1.560 евра по лица.

Ресторанот „Сублимоушн“ се наоѓа на Ибица, а Пако неверојатната цена ја оправдува со визуелните доживувања, врвната квалитетна храна, како и 27-те членови на послугата. Во специјалната просторија можат да јадат 12 лица во исто време.

Ѕидовите, подот, масите и плафонот со помош на фантастичното осветлување попримаат бои и изглед од одредени пејзажи за комплетната околина да биде во склад со она што се јаде.

Освен тоа и персоналот е облечен во склад со темата на собата.

Природно, поради местото каде се наоѓа ресторанот и цената на оброците се за оние со „подлабоки џебови“.