(ВИДЕО) Како реагираа пратениците во хрватскиот сабор за време на утринскиот земјотрес

Хрватските медиуми објавија видео од реакцијата на пратениците во Парламентото од моментот на двата потреси во Загреб кои се случија утрово во 9:52 часот со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала и седум минути подоцна послабиот со јачина од 2,3 степени.

На видеото може да се види како реагираше пратеник кој се обраќаше од говорница, како и претседателот на парламентот Горан Јандроковиќ, кој седи на спикерското столче.