ВИДЕО: Како се гасеше пожарот на Галичица

Екипите на територијалната професионална противпожарна единица од Охрид, на Националниот парк Галичица, работници од јавните претпријатија во градот, волонтери на Црвениот крст и граѓани, вчера доцна попладне го ставија под контрола пожарот што избувна вчера во 13.45 ч. на планината Петрино кај месноста викана „Мечкина дупка“.

Огнот избил на две локации во близина на далноводите над 110-киловолтната станица која го снабдува Охрид со електрична енергија. Дежурни екипи под полна опрема вечерва остануваат на терен со цел да не се дозволи обновување на пожарот.

Порталот Ohridnews објави видео снимка од тоа како изгледаше на терен гаснењето на пожарот.