ВИДЕО: Како светот го прослави Свети Патрик

Паради, многу алкохол, детелинки за среќа и многу зелена боја, светот вчера живееше во духот на Свети Патрик, најголемиот и најзабавниот ирски празник.

Најголемата прослава е се разбира во Ирска. Со исклучок на рестораните и пабовите, речиси сите други бизниси се затворени на 17 март. Поради тоа што е верски празник многумина од ирците присуствуваат на миса. Во американските градови со голема ирска популација, Денот на Свети Патрик е многу важен ден. Во сите градови се слави со паради, облечени во зелено, музика и песни, ирска храна и пијалок. Некои заедници дури одат дотаму што бојат реки или потоци во зелена боја!

Но, мора признаеме дека највоодушевувачки е моментот кога реката во Чикаго ја обоија зелено.

Најмасовно е во Даблин, од каде почна традицијата.

Во Њујорк се слави со многу алкохол и луда забава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.