(ВИДЕО) Каков претседател на Македонија сакаат младите

Разочараната македонска интелектуална младина според сѐ судејќи не можат повеќе да ги одмолчуваат,  како што велат, децениските лоши пшполитики и лошите избори на граѓаните, па се одлучија преку социјалните мрежи да го направат профилот на личноста којашто заслужува да биде следниот Претседател на Македонија.

„Група млади интелектуалци без никакви интереси од ниедна партија или личност, револтирани од досегашните тридецениски лоши и погрешни избори на граѓаните, наредниот период ќе се обидеме низ нашата призма да Ви помогнеме вам ценетите граѓани да одлучите за кого треба да го дадете вашиот глас и каков профил на Претседател на Републиката ни треба. Повторуваме, немаме никаков интерес кон никого, а сите кои сакаат да ни се придружат во нашата приказна се добредојдени. И најважно, наредните 10 дена како ја развиваме нашата приказна, така ќе дознавате за што се залагаме. Републиката да е СИЛНА!“, објавено е на фејсбук профилот на групата Другата страна на политиката.