(ВИДЕО) Камион се тресна во автобус на ЈСП, повредени петмина

Камион со струмички регистерски ознаки удри дирекно во автобус на Јавното сообраќјано претпријатие Скопје.

На снимката до која дојде МКД.мк се гледа како автобусот застанува на автобуска постројка кај населбата Дрма и во еден момент товарно моторно возило “Застава” со голема брзина удира во автобусот.

Повредени биле петмина, возачот на автобусот и четворица патници. Едниот од патниците, во моментот на ударот, се симнувал на постојката, по што паднал во канал.

Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во болница. Според внатрешната контрола на ЈСП, возачот на товарното возило го управувал возилото без соодветна возачка дозвола, а возилото не било регистрирано од 2012 година.

„Вчера околу 12,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес кај населбата Дрма се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Застава” со струмички регистарски ознаки управувано од А.Р.(27) од Струмица и автобус “Јутонг” со скопски регистарски ознаки управувано од И.Ц.(28) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18) сите од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштуваа од МВР.