ВИДЕО| Канје Вест предизвика скандал со изјавата дека го сака Хитлер

Американскот рапер Канје Вест, кој е сѐ поизолиран по неодамнешните изјави кои беа критикувани како антисемитски, во четвртокот долеа масло на огнот велејќи дека им се восхитува на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер и нацистите, во разгоовр со американски теоретичар на заговори.

Во гротескниот настап, естрадниот уметник кој го промени името во Је, со црна маска на главата зборуваше за гревот, порнографијата и за ѓаволот.

„Гледам и некои добри работи кај Хитлер“, рече раперот во емисијата „Infowars“ на теоретирчарот на заговори и краен десничар Алекс Џонс.

„Тоа типче (…) ги измислил автопатите, го изумил микрофонот со кој се користам како музичар. Во јавноста не смееме да кажеме дека сторил и нешто добро, доста ми е од тоа“, рече Канје Вест.

Раперот кој вели дека пати од биполарно нарушување, а неодамна нафрли и дека можеби ќе се кандидира за претседател на САД на изорите во 2024 година, продолжи со провокациите, што предизвика неверување и смеа кај водителот.

„Доста ми е од етикетирања, секој човек дал нешто вредно, особено Хитлер. Го сакам Хитлер“, нагласи музичарот.

„Нацистите биле никаквеци и правеле многу лоши работи“, се обиде да го поправи водителот Алекс Џонс кому му судот неодамна му одреди казна од ечиси милијарда долари поради тоа што негирал дека во едно училиште се случил масакр.

„Но правеле и добри работи. Мораме да пестанеме постојано да ги оцрнуваме нацистите (…) Им се восхитувам“, возврати раперот.

Канје Вест, кој заглави во контроверзии, последните денови го напуштаат деловните партнери со коишто соработуваше. Така германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ кон крајот на октомври ја прекина соработката порди неговите антисемитски изјави.

Трговската марка со облека „Gap“ и модната куќа „Balenciaga“, исто така, му го свртеа грбот. На почетокот од октомври, раперот во Париз го истакна слоганот „Животите на белците се важни“ по примерот на мотото на антирасистичкото движење „Животите на црнците се важни“.