(ВИДЕО) Каракачанов за Заев: „На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден“

„По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“, ова во изјава за новинарите го истакна бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Оваа оценка ја даде по скандалозното интервју на Заев во кое тој ја распарчува македонската историја за да им се додворува на политичари како Каракачанов.

Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја, па дури и со доза на потсмев говори на тема Македонија.

Целата негова изјава можете да ја слушнете во видеото во продолжениe.