(ВИДЕО) Карантин во Мелбурн: Затворени неколку предградија поради зголемен број на новозаразени со коронавирусот

Мерките за карантин ќе бидат воведени во десет предградија на Мелбурн, како резултат на зголемувањето на бројот на заразени коронавирусот, објави Си-Ен-Ен.

Во изјавата на премиерот на државата Викторија се вели дека мерките ќе стапат на сила на 1 јули, по полноќ по локално време и дека ќе важат до 29 јули.

„Граѓаните своите домови може да ги напуштат во случај ако одат по набавка по намирници или во случај на пружање на примарна нега, поради вежбање, како и поради одење на работа и во училиште, доколку работа од сома не е возможна.

Неодамна отворените салони за убавина, спортски сали, библиотеки и базени во овие области повторно ќе бидат затворени, додека во кафулиња и ресторани ќе може да се подигнат и испорачуваат нарачки исклучиво.

Во Викторија се пријавени уште 64 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на нови случаи во оваа земја е двојно зголемен 14 дена по ред.