(ВИДЕО) Кардашијан се снимала заразена од коронавирус: Повраќам, кашлам…

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан открила дека имала коронавирус. Веста е потврдена во најавата за последната епизода на семејното шоу „Во чекор со Кардашијан“.

На снимката Клои како лежи во креветот и зборува за тоа како се чувствува.

– Штотуку дознав дека имам коронавирус. Останувам во својата соба. Ќе биде добро, но последните неколку дена ми беше навистина лошо – вели Клои.

Малку подоцна, Клои ги опишала и своите симптоми: повраќање, кашлање, треперење, главоболка, за кои истакнала дека се разликува од мигрената која инаку ја добива.

– Градниот кош ми гори додека кашлам – рекла таа.

Во најавата се појавуваат и нејзината сестра Ким Кардашијан, како и нивната мајка Крис Џенер.

– Загрижени ги чекаме резултатите за да видиме дали Клои има коронавирус. Интуицијата ми зборува дека ја има затоа што е многу болна. Се плашам за неа, бидејќи гледам дека сега е исплашена и дека е многу нервозна – рекла Ким.

Важно е да се напомене дека епизодите на шоуто се снимаат однапред и дека сега објавените снимки се направени пред неколку месеци.

Инаку, во центарот на вниманието деновиве дојде Ким Кардашијан, која беше нападната од многумина откако објави фотографии од раскошната прослава на нејзиниот 40-ти роденден, која била организирана на приватен остров, а гостите не носеле маски и не внимавале на физичката оддалеченост, пишува „Индекс.хр“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.