Падобранецот Андерс Хелструп додека летал над Хедмарк, Новешка за малку ќе бил погоден од метеорит.
Тој на неговата кацига имал прикачено камера која го снимила паѓањето на метеоритот.
„Почувствував дека нешто се случува, но не знаев што е тоа. По слетувањето и гледањето на снимката откривме нешто шокантно“, вели тој.
Ова е прв пат да биде снимено паѓање на метеорит од страна на падобранец.
Во повеќето случаи, метеорите согоруваат откако ќе навлезат во атмосферата на планетата, но понекогаш оние поголемите го преживуваат патувањето.