(ВИДЕО) Кејт Бекинсејл повторно „улови“ младо момче, овојпат 24 години помлад од неа

Британската актерка Кејт Бекинсејл (46) и нејзиниот нов избаник, музичарот Гуди Грејс (22), беа фотографирани во заедничка прошетка на кучето, а Кејт повторно покажа дека нема ништо против помладиот дечко и дека годините не ја оптоваруваат.

За време на нејзината врска со комичарот Пит Дејвидсон (26), таа се соочи со многу критики затоа што не се однесувала во склад со своите години, туку како постара сестра на нејзината 21-годишна ќерка.

Бекинсејл очигледно не се осврнува на злобните коментари, па затоа по аферите со Дејвидсон, Мет Риф (23) и Џек Вајтхол (31), повторно фрли око на помлад маж, само една година постар од нејзината ќерка.

Актерката беше во брак со режисерот Лен Визман (47) од 2004 до 2016 година. Од нејзината осумгодишна врска со актерот Мајкл Шин (51), има ќерка, Лили Мо (21).