(ВИДЕО) Келнер, во стилот на Мистер Бин, им ја украде славата на нобеловците

Градското собрание во Стокхолм беше местото за прием и гала-вечера, во чест на победникот на годинешната Нобелова награда, но еден детал од вечерата стана вирален по социјалните мрежи.

Еден од келнерите не се покажа во најдобро светло откако парчиња храна истури на грбот на шведски академик, па неумесно тргна да ја спасува ситуацијата, но единствено потсети на скеч на Мистер Бин.

На вечерата присуствуваа 1.340 гости, а оброците беа подготвени од 40 врвни готвачи.