(ВИДЕО) Kикс на голманот на Херта, РБ Лајпциг мораше да се задоволи само со бод

РБ Лајпциг остана на третата позиција на табелата откако вечерва на свој терен одигра само 2-2 против Херта, Пјонтек со гол од пенал во финишот обезбеди бод за гостите.

Баерн Минхен не можеше да посака подобро коло, избраниците на Флик го добија дербито со Борусија Дортмунд, а и сите останати од врвот на табелата киксираа.

Вечерва, РБ Лајпциг одигра само 2-2 на домашен терен против Херта и пропушти можност да скокне на втората позиција.

„Биковите“ и со играч помалку поведоа со 2-1 кога гостинскиот голман реагиарше неспретно, најпрво го одбрани ударот на Шик но потоа сам си ја смести топката зад грбот.

Сепак, на десетина минути пред крајот, Херта доби најстрога казна а Пјонтек реализираше од белата точка за поделба на бодовите.