ВИДЕО| Ким Кардашјан ќе се појави во „Американска хорор приказна“

Ѕвездата на риалите шоу програмите Ким Кардашјан ќе се појави во култната серија „Американска хорор приказна“, објави милијардерката во понеделникот на Instagram, потврдувајќи го тоа со видео-инсерт.

Магазинот Variety извести дека Кардашјан ќе има главна улога во 12-та сезона, толкувајќи лик кој е напишан специјално за неа.

Кардашјан првпат за преокупира американската јавност како придружничка на богатата наследничка Парис Хилтон, но стана глобално позната по објавувањето на снимки со секс.

Следеше маратонската серија „Во чекор со Кардашјаните“ и нејзините спин-офови, во кои гледачите ги следеа животите на членовите на веќе супербогатото семејство.

Ким Кардашјан беше во брак со музичарот Кание Вест и изгради деловно царство со продажбата на долна облека и козметички производи.

Се појави и во неколку филмови кон крајот на 2000-те години, а неодамна го позајми гласот на ликот во филмот „Paw Patrol: The Movie“.

Во серијата „Американска хорор приказна“ пред Кардашјан се појавуваат и други ѕвезди од шоу-бизнисот како Леди Гага, Сара Паулсон, Каејти Бејтс и Анџела Басет.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.